2019 година обоена во боја која го слави животот и го подобрува расположението

Оптимизам, радост, среќа, насмевки.. Па, зарем тоа не е она што ни треба навистина?
 
Во исчекување на топлите сончеви денови Ви ја претставуваме бојата за 2019 година.

Експертите за боја од Институтот за бои Пантоне (Pantone Colour Institute) за боја на 2019 година ја прогласија Living Coral 16-1546 која симболизира оптимизам и радост и како таква поттикнува желба за креативно изразување.

 





Се работи за живописна нијанса на портокалова боја со златен подтон, боја која го слави животот, го подобрува расположението и има за  „задача“ во нашите животи да внесе малку повеќе среќа и чувство на сигурност и удобност во споствената кожа, но, и во опкружувањето во кое се наоѓаме - слично како што тоа го прават преубавите корали за своите океански пријатели.

Преку одбраната нијанса од Пантоне се дава важност на значајните прашања за еколошката средина во која живееме, ставајќи ја во преден план. А, ние ќе го вклучиме алармот преку дизајнот со прифаќање на оваа боја.

Извор: https://www.pantone.com/
 

Поврзани блог статии