КАЛИГАРИС на Саемот за Мебел во МИЛАНО 2019

На Саемот за Мебел 2019 во Милано (Salone del Mobile 2019) Италијанскиот бренд Калигарис (Calligaris) се претстави со нов креативен проект и нова приказна за раскажување. Всушност, се работи за четири нови приказни кои презентираат четири стилови на мебел.

На целосно обновениот штанд на Калигарис, на посетителите им беше овозможено кратко патување низ четири домашни сценарија, односно амбиенти, секое инспирирано од поинаков и личен начин на гледиште за "да се чувствувате како дома".

Разновидноста без сомнение е лејтмотив на новата колекција, која опфаќа производи кои на нов начин ги презентираат различните современи стилови. Дизајнот е доведен до перфекција благодарение на креативните дизајнери кои имаат визија за потребите на потрошувачите и трендовите на мебел повеќе од 95 години.

Колекцијата од 2019 година вклучува трпезариски столици и маси, клуб маси, тапацирани фотелји и софи, како и широк спектар на килими и останати детали кои даваат автентичен изглед на ентериерот.

Ви овозможуваме за момент да влезете во оваа приказна. Но, доколку би сакале некое од четирите сценарија да биде дел од вашиот дом, повелете кај нас да Ви помогнеме при изборот.


Извор:www.youtube.com


 

Галерија

Поврзани блог статии