ЗОНА МЕБЕЛ со нови модели на 44. Меѓународен САЕМ НА МЕБЕЛ 2018

Како докажан бренд за тапациран мебел, Зона Мебел ги следи иновациите во областа на внатрешното уредување. Низ своето долго патување од основањето, па сѐ до денес, преку континуирана посветеност со посебен акцент на квалитетот и иновативноста, некогашниот производител на гарнитури за дневен престој за потребите на македонскиот пазар, растеше, се развиваше и стана производствена компанија која денес опремува домови, хотели, ресторани и кафетерии ширум Европа.

Оваа година Зона Мебел најавува одлична понуда на парчиња мебел за оние кои знаат да го препознаат современиот дизајн.

Моделите за 2018 година, како и сите претходни се ергономски прилагодени, изработени од високо квалитетни материјали, со посебен акцент на дизајнот кој буди восхит. Наменети се за да ги задоволат потребите на различните начини на живеење на модерниот свет.

Покрај своите модели, Зона Мебел во рамките на својот изложбен простор ќе понуди и дел од најновите модели на италијанскиот бренд Калигарис (Calligaris), како генерален застапник за Македонија.

    

















Со огромна чест и задоволство Ве покануваме да го посетите нашиот изложбен простор во ВИП Арена Борис Трајковски.

Секако нема да ги заборавиме и ГОЛЕМИТЕ САЕМСКИ ПОПУСТИ и ИЗНЕНАДУВАЊА за сите посетители на саемот!