Препорачано

БОЈАТА КОЈА ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 2018 ГОДИНА – УЛТРАВИОЛЕТОВА СЀ ПОЧЕСТО E ЗАСТАПЕНА ВО ЕНТЕРИЕРОТ

Добро познатата интензивно виолетовата боја - „Pantone 18-3838“, позната како ултравиолетова која експертите за боја од Институтот за бои Пантоне (Pantone Colour Institute) ја прогласија за боја на годината, е сè повеќе застапена при изборот на парчиња мебел за уредување на домот.





Комплексена и контемплативна, ултравиолетовата боја ги сугерира тајните на космосот, интригите на она што е пред нас, и откритијата надвор од она каде што сме сега. 




 Огромното и безгранично ноќно небо го симболизира она што е возможно и продолжува да ја инспирира желбата за стремеж кон свет надвор од нашиот.






Нашиот тим инспириран од драматично провокативната и замислена пурпурна боја, работи на тоа да го задржи местото на предводник на трендот за тапациран мебел во Македонија, преку оригиналноста, генијалноста и визионерското размислување кое нè упатува кон иднината.
Лотус аголна гарнитура

Зона Мебел нуди голем избор на материјали од пошироката плета на виолетова боја. Од суптилно нежна, преку неутрална и смирена, до драматично темна виолетова боја материјалите со најразновидна текстура и дезен на ткаен мебел штоф, микрофибер и кожа инспирираат за креирање на уникатно парче тапациран мебел.


Мебел штоф, микрофибер и кожа во виолетова боја


Летрис Ајземан, извршен директор на институтот, вели: „Живееме во време кое бара инвентивност и имагинација. Токму таква креативна инспирација е карактеристична за ултравиолетовата Пантоне 18-3838, која нашата свест и потенцијал ги носи на повисоко ниво.
Од истражувања на новите технологии и галаксијата, до уметничкото изразување и духовната рефлексија, интуитивната ултравиолетова боја го осветлува патот до она што допрва треба да дојде".  


Извор: https://www.pantone.com/
 

Поврзани блог статии